Хроника 29. октомври 2019. / 14:45

Сѐ уште активен пожарот над кичевското село Ќафа

Сѐ уште активен пожарот над кичевското село Ќафа

Сѐ уште е активен пожарот во близина на кичевското село Ќафа на планината Добра Вода, каде што гори сува трева и нискостебласта шума.

Раководителката на РЦУК – Кичево Сузана Тасевска информира дека на терен се излезени припадници на ШС „Лопушник”, ТППЕ – Кичева во понискиот дел, како и припадниците на ДСЗ од Кичево.

– Нашата екипа беше во обиколка на терен во овој регион. Видовме дека се работи за тешко пристапно место, но најбитното е дека пожарот е локализиран и нема никаква опасност во моментот за селата Ќафа, Бериково и Папрадишта.

Тасевска истакна дека првичната констатација е дека и овој пат пржарите се подметнати и со подетални информации ќе озвестуваат откако ќе заврши истрагата.