Хроника 02. декември 2020. / 19:36

Руски камионџија возел со 2,44 промили алкохол низ Македонија

Руски камионџија возел со 2,44 промили алкохол низ Македонија

Полицијата вечерва привела руски државјанин, возач на камион кај кого алкомерот измерил 2,44 промили алкохол.

– Вечерва околу 17:45 часот полициски службеници од мобилната сообраќајна единица на МВР на патот Прилеп-Кавадарци го приведоа Е.В.Б (49) од Русија, кој управувал товарно моторно возило “волво” со руски регистерски таблички под дејство на алкохол, велат од полицијата.

Приведениот по брза постапка ќе биде изведен пред надлежен судија.