Хроника 14. август 2018. / 15:04

Родители заработија кривична пријава: Си го запуштиле и го малтретирале детето

Родители заработија кривична пријава: Си го запуштиле и го малтретирале детето

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.В. (39) и Н.К. (42), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

Пријавените ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување на нивното 14-годишно дете и придонеле од април 2016 година детето да биде евидентирано како дете со ризици во области на образовната, здравствената, социјалната и семејната состојба во Службата за заштита на деца при ЈУМЦСР Скопје.