Родители од Македонија се осомничени дека го киднапирале нивното 13-месечно бебе од болница во францускиот град Мец, ојбави „Канал 5“.
Детето се лекувало цели два месеца но се уште му е потребна постојана грижа и прекин на лекувањето би имал сериозни последици врз здравјето на детето.
По настанот што се случил пред шест дена, била алармирана полицијата, а случајот се води како киднапирање, бидејќи на безбедносните камери се гледа како мајката и таткото бегаат по ходниците со девојчето во раце и влегуваат во автомобил.
Покрената е потера, но трагата на возилото му се губи на границата со Германија, каде најверојатно побегнало семејството.