Во изјава за ТВ Сител, преку онлајн повик денеска се обрати родилката Јилдиз Веапоска, чии органи беа извадени од страна на д-р Мухамед Асани при нејзиното породување.
Како што вели, таа нема да ја прифати одлуката на Лекарската комора.
-Дали е ова нормално, ни јавноста, ни никој да не знае кои се од Лекарската комора докторите што го вештачат ова, што треба да одлучат дали има лекарска грешка или нема. Никој не знае, но докторот, директорот знае кој е во Комисијата. Јас не го прифаќам ова бидејќи сите доктори што биле, се Албанци. Ниту немало Македонец. Заминав здрава и права во Струга на породување. Заминав да се породам, а по породувањето излегувам без бубрег, без матка и без јајник. И тоа се будам на КАРИЛ. Нека излезе Лекарската комора јавно нека образложи медицински зошто се тргнати тие органи, ако немало лекарски пропуст. Тогаш што може да има?, прашува Веапоска.