Хроника 18. декември 2020. / 13:48

Решена мистеријата со распарчените тела пронајдени во куфери во Италија

Решена мистеријата со распарчените тела пронајдени во куфери во Италија

Италијанската полиција ја разреши мистеријата за распарчените човечки тела кои беа пронајдени во куфери во поле на периферијата од Фиренца, пишува весникот „Фанпејџ“.

Станува збор за албанската брачна двојка Шептим и Тетута Пашо, кои исчезнале без трага во 2015 година, а тоа било пријавено од страна на нивната ќерка.

Албанската двојка не живеела во Италија, но била во посета на синот и ќерката кои живеат во Фиренца.

Според нејзината ќерка, мајката во ноември 2015 година се јавила од непознат телефонски број и рекла дека повеќе нема да се јавува на никого и оттогаш тие изгубиле секаква трага.

Во тоа време, синот на убиените сопружници издржувал затрворска казна, а затворот се наоѓал во близина на местото каде што беа пронајдени нивните распарчени тела.