Хроника 24. април 2020. / 13:57

Ресенчанка за време на полицискиот час се возела низ градот

Ресенчанка за време на полицискиот час се возела низ градот

Основното јавно обвинителство Ресен денеска до Основниот суд Ресен поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, известуваат од ОЈО Ресен.

– Обвинетата не ја почитувала Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република С. Македонија, донесена од Владата како мерка за превенција и сузбивање на заразната болест Ковид-19. Таа на 24 април 2020 година била затекната како со возило се движи низ градот, соопштија од Обвинителство.

За стореното кривично дело, надлежниот јавен обвинител предложи на обвинетата да и биде изречена парична казна во износ од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​