Хроника 30. јули 2018. / 15:30

Рекол дека ќе им продаде дрва за огрев, им ги зел парите и побегнал

Рекол дека ќе им продаде дрва за огрев, им ги зел парите и побегнал

Педесет и шест годишна скопјанка пријавила во полиција дека непознат сторител ја измамил неа и нејзиниот сопруг, кажувајќи им дека продаваа дрва за огрев и дека ќе им ги покаже да ги видат.

Откако се согласиле, измамникот и заинтересираниот купец тргнале да ги видат дрвата, но попат сторителот му ја кажал локацијата на дрвата и му рекол да оди, а дека тој ќе дојде.

Веднаш потоа, измамникот се вратил кон нивната куќа и на жената и рекол дека дрвата веќе се сечат и се товарат и и побарал 7.500 денари. Откако ги зел парите заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.