Хроника 03. јуни 2020. / 11:50

Регистрирани 475 прекршоци на мерката носење заштитна маска

Регистрирани 475 прекршоци на мерката носење заштитна маска

Во иминатото деноноќие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 475 прекршоци.

На територијата на државата на 392 лица им се издадени решенија за изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.