Хроника 18. јануари 2021. / 10:25

Регистрирани 412 прекршоци за неносење на заштитна маска

Регистрирани 412 прекршоци за неносење на заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 412 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19, се вели во соопштението.