Хроника 15. јануари 2021. / 18:00

Регистрирани 403 нови лица заразени со коронавирус, починати се 10

Регистрирани 403 нови лица заразени со коронавирус, починати се 10

Во меѓувреме, листата на пацинети со Ковид се зголеми за 403-ца новозаразени, а битката за живот изминатото деноноќие ја загубиле десетмина.

По двајца починати има во Скопје и во Прилеп, а по една жртва на вирусот регистрираа Куманово, Охрид, Гевгелија, Струмица, Делчево и Кичево.

Позитивни на вирусот, пак, се 19 проценти од тестираните. За 24 часа ковид е потврден кај нови 403 лица од 2118 тестирани. 165 од нив се од главниот град, 30 нови случаи има во Куманово, 25 во Велес, 22 во Кавадарци, во Охрид 19, Тетово и Кочани имаат по 14, само еден помалку е регистриран во Струмица, по 11 нови случаи има во Струга, Неготино и во Гостивар, а во Прилеп и Битола по 10.

Во најновите ковид-статистики влегоа и 339 лица што ја добиле битката со вирусот. Со нив вкупната бројка оздравени се искачи на 69 илјади 476 луѓе. Од почетокот на пандемијата пријавени се вкупно 88 илјади 389 случаи со Ковид, а во моментот активни се 16 илјади 231.