Хроника 22. мај 2020. / 09:58

Регистрирани 113 прекршоци за неносење заштитна маска

Регистрирани 113 прекршоци за неносење заштитна маска

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала 113 прекршоци за неносење на заштитна опрема на лицето, соопшти МВР. Казната за непочитување на оваа мерка е 20 евра.

Во однос на полицискиот час изминатата ноќ, МВР регистрирала прекршувања од 46 лица, од кои 41 биле приведени.

Во последните 24 часа биле издадени решенија за изолација на 85 лица, а изјави за самоизолација потпишале 18.

Не се регистрирани прекршувања од страна на оние граѓани кои веќе се наоѓаат во изолација или самоизолација.