Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани 975 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице.
На територијата на државата на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.
Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.