Разбојник вооружен со пиштол вчера ограбил канцеларија на „Брза пошта” во скопската населба Аеродром и украл 680.000 денари, соопшти МВР.
Според МВР, разбојништвото се случило во 7.10 часот, во канцеларија „Брза Пошта“ на булеварот Јане Сандански. Сторителот со закана со пиштол од вработената одзел 680.000 денари и побегнал.
МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.