Хроника 06. март 2019. / 17:07

Радовишанец уценувал жена дека ќе објави фотографии од медицинска документација

Радовишанец уценувал жена дека ќе објави фотографии од медицинска документација

Kривична пријава против 24-годишен жител на Радовиш, поради уцена. Како што информира МВР, пријавениот со мобилен телефон направил фотографии од медицинска документација на Ј.Д., по што, со закана дека наведените фотографии ќе ги прикаже на трети лица, а подоцна и го сторил тоа, ја принудил Ј.Д. во два наврати да му даде 15.000 денари.