Хроника 25. јуни 2019. / 10:46

Работник со тешки повреди итно пренесен во скопските клиники

Работник со тешки повреди итно пренесен во скопските клиники

Во 11.40 часот во СВР Штип, од Клиничката болница Штип било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 63-годишниот Д.Н од Крива Паланка.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека изведувал градежни работи за приватна фирма од Скопје на објект на улицата „Лески“ во Штип.

По укажаната лекарска помош лицето било препратено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.