Хроника 15. април 2018. / 10:45

Работник починал од струен удар откако кран се заплеткал во жици со електричен напон

Работник починал од струен удар откако кран се заплеткал во жици со електричен напон

Вчера околу 13:00 часот во Скопје било пријавено дека на ул. ,,Герника”, додека се изведувале градежни работи (истовар на цигли од товарно возило со кран), дел од кранот се заплеткал во жици со електричен напон, при што вработениот во градежна фирма, Џ.В (21) од с .Морани Скопје, кој стоел непосредно до кранот, починал како последица на струен удар.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата.