Хроника 07. февруари 2021. / 17:28

Работник од Албанија тешко повреден на објект во Гостивар: Пренесен во Скопје

Работник од Албанија тешко повреден на објект во Гостивар: Пренесен во Скопје

Работник од Албанија се повредил при извршување на градежни работи во Гостивар.

Вчера во 12:15 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во Ургентен центар-Гостивар во 12:05 часот бил донесен повреден Љ.Д.(57) од Албанија кој, според пријавеното, со повредите се здобил при изведување градежни работи на ул.„Беличица“, информира МВР.

Тој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар.