Хроника 08. јануари 2021. / 16:59

Прослава со 80 гости во угостителски објект во Гостивар – кривична за сопственикот

Прослава со 80 гости во угостителски објект во Гостивар – кривична за сопственикот

Сопственик на угостителски објект во Гостивар заработи кривична поради организирање на прослава срeде пандемија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Џ. (59) од Гостивар, сопственик на угостителски објект во с.Здуње,гостиварско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

На 21.11.2020 во угостителски објект во с.Здуње од полициски службеници било констатирано дека се одржувала прослава и биле затекнати околу осумдесетина гости. Пријавениот постапил спротивно на прописите или наредбите за време на епидемија.