Хроника 12. септември 2020. / 14:41

Пронајдено телото на 14-годишното момче што се удави во Брегалница

Пронајдено телото на 14-годишното момче што се удави во Брегалница

Пронајдено е телото на малолетникот кој вчера попладнето се удави во водите на Брегалница.

Како што соопштија од полицијата, на 11.09.2020 во 16.13 часот било пријавено дека кај мост во с.Истибања – Виница, во водите на реката Брегалница влегол 14-годишен малолетник кој бил со уште неколку други малолетници, за да се капат, но набргу се удавил. На местото на настанот увид направила полициска екипа Полицската станица Виница и екипа од Територијалната противпожарна единица и по извршеното пребарување, околу 21.30 часот било пронајдено телото на детето, а од страна на лекар била констатирана смрт.

По неговата смрт, по насоки од Јавен обвинител телото на починатото момче било предадено на семејството.