Хроника 03. јули 2018. / 12:07

Пронајдено мртво тело на маж во куќа

Пронајдено мртво тело на маж во куќа

На 01.07.2018 година во 20.45 часот во СВР Битола, од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека во куќа во с.Кукуречани има починато лице.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола и било утврдено дека се работи за лицето Б.Р. (75) од истото село. По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатата ќе се врши обдукција.