Хроника 23. јуни 2020. / 11:35

Пронајдени 64 мигранти од Бангладеш во комбе на патот Валандово – Струмица

Пронајдени 64 мигранти од Бангладеш во комбе  на патот Валандово – Струмица
Архива

На регионалниот пат Валандово–Струмица на влез во Струмица вчера околу 19:00 часот полициски службеници од СВР Струмица забележале товарно моторно возило „ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки за кое имале информација дека превезува мигранти, по што возачот го застанал возилото и го напуштил местото на настанот.

Во возилото полициските службеници пронашле 64 лица-мигранти сите од Бангладеш. Лицата се сместени во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.