Хроника 17. ноември 2020. / 09:57

Пронајдени 250 грама марихуана кај затвореник во струшкиот затвор

Пронајдени  250 грама марихуана кај затвореник во струшкиот затвор

Запленета марихуана кај затвореник во Затворот во Струга.

На 16.11.2020 во рамки на засилените  мерки и активности на Министерството за внатрешни работи од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската  полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга,  била извршена контрола  и претрес над затворските  ќелии  со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу  19:00 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ. П. пронајдена е околу 250 грама марихуана, информира МВР.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Струга со цел  понатамошно постапување за кривично правниот настан и против осуденото лице кај кое беше пронајдена наркотичната дрога ќе биде поднесена кривична пријава.