Хроника 27. август 2019. / 11:25

Пронајдена уште една нива со канабис кај Блаце – трета по ред

Пронајдена уште една нива со канабис кај Блаце – трета по ред

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Блаце помеѓу вториот и третиот железнички мост на реката Лепенец, на место викано „Чучунска лука“ вчера пронашле 105 стебла од растението „канабис сатива“.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Ова е трета акција во овој регион. Пред неколку дена 180 стебла биле пронајдени во атарот на селото во место познати како Вражји Вир, додека завчера 260 стебла на местото викано „Железнички мост“.