Хроника 26. август 2019. / 10:44

Пронајдена нива со канабис кај Блаце

Пронајдена нива со канабис кај Блаце

Полициската станица за Граничен надзор-Блаце, на место викано „Железнички мост“, вчера пронашла 260 стебла канабис.

Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце, увидна екипа од СВР Скопје и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

Се работи на расчистување на случајот.