Хроника 01. октомври 2019. / 10:30

Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско Трново

Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско Трново

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна е пронајдена во близина на црква во битолското село Трново.

Случајот бил пријавен вчера во СВР Битола, а истата е најдена при изведување на градежни работи

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била безбедно подигната.