Хроника 25. ноември 2018. / 12:16

Пронајден убиец од Арачиново осуден на десет години затвор

Пронајден убиец од Арачиново осуден на десет години затвор

На скопската улица „Индира Ганди“ од страна на полицајци, во попладневните часови на 24. ноември, по судска наредба бил приведен 34-годишен арачиновец за издржување казна затвор.

Како што информираат од МВР, 34-годишникот поради извршено убиство, треба да отслужи затворска казна од 10 години.