Хроника 20. септември 2020. / 15:56

Пронајден починат маж на скопскиот аеродром

Пронајден починат маж на скопскиот аеродром

Во СВР Скопје било пријавено дека вчера околу 14.40 часот, во близина на тоалетите на Граничен премин Меѓународен aеродром Скопје, од обезбедувањето на аеродромот бил пронајден починат А.Х.(67) од Шведска.

-Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, информира МВР.