Вчеранаутро околу 08,45 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во апартман во Гевгелија, е пронајден починат S.A.(46) од Р.Грција, со привремен престој во Гевгелија.
Од доктор од итна медицинска помош констатирана е смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.