Хроника 02. јули 2019. / 15:06

Пронајден мртов маж во Аеродром

Пронајден мртов маж во Аеродром

Вчера во 18.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на бул.„АВНОЈ“ во Скопје пронајден е починат Н.Ѓ.(38).

Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Аеродром.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.