Хроника 09. јануари 2019. / 14:04

Пронајден кокаин при претрес кај скопјанец

Пронајден кокаин при претрес кај скопјанец

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против С.Џ.(37) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од КЗ.