Во семеен дом на улица „Партизанска“ во Крушево вчера попладне бил пронајден експлозив.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:30 часот во Полициска станица Крушево, 64-годишна жена од Словенија пријавила дека во семејниот дом на улицата „Партизанска“, во сопственост на нејзиниот починат брат од Крушево, пронашла експлозив.
За настанот е известена Дирекцијата за заштита и спасување.
Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денот.