Хроника 11. јули 2018. / 12:05

Пронајден е мртов маж во провалија покрај пат во кичевско

Пронајден е мртов маж во провалија покрај пат во кичевско

Во провалија длабока околу 50 метри на локалниот пат за селото Речани, вчера попладне било пронајдено безживотното тело на 58 годишниот кичевец Г.Џ.

Од полицијата информираат дека на патот над провалијата било паркирано неговото патничко моторно возило „Голф“ со кичевски регистерски таблици.

-Од страна на Територијална противпожарна единица во Кичево лицето било извлечено и од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт, информираат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.