Хроника 04. август 2020. / 10:25

Продолжува потрагата по малолетникот кој исчезна во Преспанското Езеро

Продолжува потрагата по малолетникот кој исчезна во Преспанското Езеро

Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското Eзеро продолжи во раните утрински часови и ќе трае се до пронаоѓање на момчето.

Поради временските услови вчера потрагата беше привремено прекината.

Во Полициската станица Ресен завчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен.