Драган Угриновски и уште две лица се уапсени во Крушево, објави активистот за човекови права Ицо Најдовски.
Тие утринава од страна на полицијата биле однесени во Прилеп и во Македонски Брод, а најверојатно се сомничат за организирање протести на Мечкин Камен. Според други активисти не им било кажано зашто се приведени.
-Сега зборував со Dragan Ugrinovski. Се наоѓа во полициска кола и фашистите го носат во прилепската полиција. Има уште двајца, Зоран и Рубин, нив ги носат во полиција во Македонски Брод. Илинден 1936, Крушево!, пишува Најдовски на Фејсбук.
Преку видео обраќање Најдовски побара притворените веднаш да бидат пуштени.