Синоќа полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, сопственост на А.А.(28) од село Боговиње.
За време на контролата во објектот биле затекнати девет женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив пет биле македонски државјанки, а четири биле странски државјанки од кои три од Република Србија и една од Република Бугарија. Заедно со сопственикот на објектот тие биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.