На 12.01.2021 во 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир, при што малолетник бил повреден со остар предмет, информира МВР.
Според полицискиот билтен, службеници излегле на местото и било констатирано дека повреден бил 16-годишник од Скопје, кој бил пренесен на Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
По настанот, малолетници биле приведени во Полициската станица Аеродром и се преземаат мерки за расчистување на случајот.