Хроника 01. јули 2019. / 10:54

Приведени две Молдавки кои нелегално работеле во угостителски објект во Гостивар

Приведени две Молдавки кои нелегално работеле во угостителски објект во Гостивар

Синоќа околу 22.00 часот, во угостителски објект во Гостивар се приведени две државјанки на Молдавија поради пречекорување на туристички престој.

На 29.06.2019 во 22:00 часот на подрачјето на СВР Тетово извршена е акциска контрола во угостителски објекти за превземање на мерки со цел откривање на прекроши по ЗППЈРМ како и други кривични дела. Во еден угостителски објект е приведено едно лице за утврдување на идентитет, а при контрола во угостителскиот објект лоциран на улица „Илинденска“, сопственост на лицето Ф.Б. (41) од село Добридол, во ПС Гостивар приведен е сопственикот поради сомнение за нелегално вработување на странски државјани или злоупотреба на туристички престој. Поради пречекорување на туристички престој во ПС-Гостивар приведени се странските државјанки: .А.Д. (42) и В.Д. (17) и двете од Молдавија, кои се задржани за понатамошна постапка, велат од МВР.