Хроника 05. октомври 2020. / 18:30

Приведени две лица за издржување затворска казна

Приведени две лица за издржување затворска казна

Полициски службеници од Полициско одделение Галате, СВР Тетово, пред два часа го привеле Н.Д.(32) од с.Горјане за издржување на казна затвор од две години и шест месеци во Казнено-поправната установа – Затвор Тетово.

Како што соопшти МВР, денеска во 11 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле и М.К. кој се барал по потерница за издржување на казна затвор од една година и шест месеци. Лицето е спроведено во Затвор Прилеп