Хроника 07. октомври 2019. / 11:35

Приведени две лица од Богданци – превезувале 27 мигранти

Приведени две лица од Богданци – превезувале 27 мигранти

Две лица од Богданци се приведени во полиција откако контролата забележала дека во нивното возило превезуваат мигранти.

Како што се наведува во билтенот од МВР:

-На 06.10.2019 во 11.15 часот во СВР Струмица биле приведени Д.М.(22) и И.С.(39), двајцата од Богданци, затоа што на местото викано „Крива река“ во Струмица, во патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени 27 лица – мигранти (10 од Авганистан и 17 од Пакистан). По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.