Во полициска контрола на гостиварското подрачје ноќеска, биле приведени две странски државјакни. МВР информира дека во 1 часот после полноќ, полициски службеници од Полициското одделение Галате, спровеле акциска контрола во угостителски објект покрај автопатот Гостивар-Тетово, во атарот на село Дебреше, гостиварско.
При контролата било утврдено дека две странски државјанки на возраст од 27 години, М.Б. од Косово и А.К. од Албанија го злоупотребиле туристичкиот престој во земјава.
Девојките во локалот биле ангажирани како танчерки.
Тие биле приведени во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.