Полициски службеници привеле три лица меѓу кои двајца малолетници под сомнение за сторени тешки кражби.
На ул.„Индира Ганди“ во Скопје, вчера во 14.30 и 16.30 часот, биле лишени од слобода А.И.(18) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил четири кривични дела „тешка кражба“ од патнички моторни возила, и двајца малолетници на возраст од 17 и 15 години од Скопје поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Лицата, како што се посочува, се приведени во Полициска станица Чаир, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.