Двајца дилери на дрога од Скопје се приведени, а при претресот во нивните домови пронајдени се марихуана, куршуми и таблети екстази.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера полициски службеници врз основа на судска наредба извршиле претрес во домовите на П.П.(20) и Д.П.(17) при што во домот на П.П. пронајдени се марихуана, три куршуми и други предмети, а во домот на Д.П. марихуана, таблети екстази и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Двајцата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.