Хроника 10. февруари 2020. / 12:30

Приведени двајца албански државјани поради нелегален престој во земјава

Приведени двајца албански државјани поради нелегален престој во земјава

На 09.02.2020 околу 19.50 часот на влезот во с.Шемшово, тетовско, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода албанските државјани А.Д.(57) и А.Б.(35), кои непријавено престојувале на подрачјето.

Тие биле задржани во Полициската станица Тетово, по што биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.