Хроника 13. ноември 2019. / 15:08

Приведени двајца актери – прекинале проба во театарот во Гостивар

Приведени двајца актери – прекинале проба во театарот во Гостивар

Двајца актери вчера попладне биле приведени во полициска станица Гостивар по пријава дека ги попречувале активностите на Гостиварскиот театар. Актерите сметаат дека се неправедно отстранети од претставата и за тоа не добиле образложение. Актерите Берат Салији и Арѓент Хасани денеска дадоа појаснување за вчерашниот настан и бараат одговори и реакции на надлежните иснтитуции.

Ние бевме дојдени на проба со останатите актери, но бевме изнесени со лисици на рацете од театарот. Наводно сме ја попречувале работата. Нејасна е реакцијата на директорот Висар Вишка, бидејќи ние баравме и уште бараме образложение зошто сме отстранети од претставата која почна да се подготвува април годинава. Ние ќе си ги бараме правата и да се вратиме во актерската екипа, вели Арѓент Хасани.

Неговиот колега Берат Салији, кој претходно беше назначен за директор на Гостиварскиот театар, смета дека ваквите постапки имаат политичка заднина и мотиви кои немаат врска со културата и театарот.

– Бев ангажиран од самиот почеток на подготвките на претствата „Натан мудриот“, а по мојата смена како директор, бев отстранет и од преставата на нејасен начин. Наводно не сме ги почитувале дисциплината и режисерските насоки. Но, повеќе од јасно е дека мотивите за оваа „игра“ се политички мотивирани, вели Салији.

Вршителот на должноста директор на Гостиварскиот театар, Висар Вишка за МИА потврди дека тој ја повикал полицијата, бидејќи бил нарушен работниот процес.

Повеќе на А1он