Хроника 08. јуни 2018. / 12:11

Приведени четири лица заради наркотична дрога во Богданци

Приведени четири лица заради наркотична дрога во Богданци

Синоќа во 23:00 часот во близина на место викано „Брана Паљурци“-Богданци, полициски службеници ги затекнале лицата А.С. (27), М.П. (27), Б.Џ. (30) и В.Ш. (28), сите од Богданци.

Во нивна близина била пронајдена наркотична дрога марихуана со непозната количина, за која тие изјавиле дека е нивна.

Дрогата била одземена, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.