Хроника 28. јануари 2021. / 16:05

Приведени четири лица во врска со случајот „Јавна соба“

Приведени четири лица во врска со случајот „Јавна соба“

Четири лица, две од Битола, едно од Велес и едно од Штип се приведени денеска во врска со случајот„Јавна соба“, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку објава на својот фејсбук-профил.

– Се работи на откривање кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност, напиша Спасовски.