Полицијата откри дека во неколку угостителски објекти во Гостивар и Тетово нелегално работат, без дозвола за престој, 20 албански државјанки.
Ноќеска во акциска контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат за село Сараќино било затекнато лицето М.К. (23) од Албанија кое немало регулиран престој во Македонија. Во три објекти во Чегране и во село Чајле биле затекнати шест лица: Ч.А. (40), Х.Д. (41), Ч.Ш. (61), А.Е. (26), А.М. (42) и З.Ч. (55), сите од Албанија, со непријавен престој во земјава.
Во акциска контрола во Гостивар во седум објекти биле затекнати 13 државјани од Албанија со непријавен престој во Македонија.
Лицата се приведени во полициска станица за понатамошна постапка.