Хроника 19. април 2020. / 13:00

Приведени 67 лица за непочитување на полицискиот час

Приведени 67 лица за непочитување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 84 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 67 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР.

Исто така, според статистичките податоци  за изминатите 24 часа на 31 лице им се издадени решенија за изолација, а 43 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.