Хроника 23. септември 2018. / 12:37

Приведени 37 мигранти кај Богородица

Приведени 37 мигранти кај Богородица

Вчера околу 16 часот од страна на патрола од Полициската станица за граничен надзор Богородица забележана била поголема група на лица кои се движеле од брана Паљурци кон с.Фурка.

На дадена усна наредба од страна на униформирани полициски службеници да застанат, непознатото лице кое било на чело на групата се дало во бегство, а групата од 37 лица (мигранти) е сопрена.

Во ПС Богородица се приведени 37 мигранти за понатамошна постапка.